DroneBuzz
DroneBuzz овозможува воздухопловни услуги во Северна Македонија.
DroneBuzz ви го прикажува светот каков што никогаш не сте виделе, од друга перспектива, од оригинална гледна точка, необичен и во исто време неверојатен и привлечен преку спојот помеѓу страста за летање и познавањето на најреволуционерните и иновативни технологии.
Услуги
DroneBuzz врши инспекции на лице место во областа на интерес, а можеме да генерираме резултати како што се 3D модели, дигитално претставување на теренот или површината од интерес, со потребните просторни и геометриски информации и да добиеме максимален преглед за состојбата на теренот , објектите, постројките, структурите или инфраструктура.
За да дознаете повеќе за нашите услуги и да прочитате за кои области ги покриваме, посетете ја страница за услуги со кликнување на копчето подолу.
Зошто DroneBuzz?
DroneBuzz ја има потребната експертиза за да обезбеди технички консултации, обука и професионални услуги на пилотите и операторите во полето на летала со далечински управувач, познати како ДРОНОВИ.
DroneBuzz нуди консултации и обука за организации, компании, општини, училишта и приватни лица за развој на образование и страст за летање дронови.
DroneBuzz може да обезбеди анализа на ризик, за оперативни сценарија, врз основа на Методологијата за специфична проценка на ризик од операции (SORA) на Агенцијата за безбедност на Европската унија (EASA).
DroneBuzz може да обезбеди нацрт (драфт), ажурирање и преглед на техничката и оперативната документација (прирачници, списоци за проверка, дневници, процедури, итн…)
Размислете сега за утрешните дронови
Утрешните беспилотни летала ќе се користат за се, од испорака на пакети до спасување животи. Пилотите на дронови ќе треба да бидат опремени со вештини потребни за летање со дронови во една земја додека седат во друга. Тие мора да бидат способни безбедно да летаат со големи и тешки беспилотни летала кои носат значителен товар и тоа да го прават ноќе и при лоши временски услови.
За нашите пилоти, обуката не е избор, таа е задолжителна!